НОВОСТИ


- ОКТОМВРИ 2026 -
ОБУКИ ЗА ПРОФЕСОРИТЕ
Во текот на месец октомври 2026 година, професорите од нашето училиште учествуваа во обуки организирани од министерстото за образование и наука, со обучувачи од Академија Цес. Обуките беа на тема „Вештачка интелигенција“, „Формативно и сумативно оценување“ и др.
- Септември 2026 -
Започна новата учебна година. Во прва година се запишаа 34 ученика. Во Прво1 се запишаа 13 ученика, 6 женски и 7 машки, а во Прво2 се запишаа 21 ученик, 8 женски и 13 машки. На сите им посакуваме убави школски денови и успех во учењето.
А на оние што матурираа им посакуваме успех во нивните понатамошни предизвици.
- 14 до 19 Мај 2026 -
Младински камп и едукативна конференција - златибор Србија
На овој настан, нашето училиште успешно реализираше проект од програмата Суперучилишта на Регионалната канцеларија за младинска соработка.
- 11 Мај 2026 -
Денови на отворени врати
Како дел од програмата за кариерно советување, наши ученици со педагогот, член на тимот за кариерно советување, беа во посета на компанијата Таб Мак во Пробиштип во рамки на „Денови на отворени врати.
- 14 МАЈ 2026 -
МАТУРСКО ДЕФИЛЕ
На 14.05.2026 година во 18:30 часот на плоштадот ќе можете да ги видите матурантите од нашето училиште во дефилето кон хотел Кратис.
- 13 МАЈ 2026 -
ОТВОРЕН ДЕН
На 13.05.2026 година, учениците од ОУ Кочо Рацин Кратово кои учат во 9-то одделение ќе можат да се запознаат со техничката опременост на кабинетите и училниците во нашето училиште.
- 14 МАЈ 2026 -
МАТУРСКА ВЕЧЕР
На ден 14.05.2026 година, матурантите од училиштето ќе го прослават завршувањето на наставниот процес во средно образование. Матурската вечер ќе се одржи во хотел Кратис.