Средно општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ Кратово

   Нашето училиште е образовна институција во која учат и стекнуваат вештини ученици од општината
   Кратово како и од околните општини, и тоа на возраст од петнаесет до деветнаесет години.
   Учениците учат во гимназиско образование и во секторот Угостителство и туризам


НИЗ ИСТОРИЈАТА

Училиштето започнало со работа во учебната
1960/1961 година со одлука на тогашниот
Народен одбор на општина Кратово
како Средно економско училиште „Митко
Пенџуклиски“.
Училишната зграда во која денес се изведува
воспитно образовната работа е изградена и
предадена во употреба во учебната 1963/1964
година. Нашето училиште располага со
19 кабинети кои се опремени со компјутерска
опрема, ЛЦД проектори со палтно, лабораторија
библиотека со читална и др. Спортските
активности се одвиваат во две фискултурни
сали од кои едната ја користиме заедно
со основното училиште,
како и надворешно уредено игралиште спортски
центар СОУ „Митко Пенџуклиски„ Кратово.
СТРУКТУРА

Во склоп на училиштето постојат два сектора:
а)Гимназиско образование и
б)Угостителство и туризам
Во гимназиското образование учениците
учат во четири паралелки, по една во секоја
година, од прва до четврта година.
Во секторот угостителство и туризам
учениците учат во два профила и тоа а)
а) Угостителски техничар за рурален туризам
и б) Хотелско ресторански теничар.
Во кој сектор учениците ќе се запишат зависи
од нивниот избор во моментот кога се запишуваат
во училиштето.
Во двата сектора, училиштето има
одреден број наставници кои се соодветни
според нормативот и потребите на училиштето.
УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ

Во текот на учебната година учениците
учествуваат во најразничи активност
како на пример: -Спортка секција
-Музичка секција
-Драмска Секција
-Аеробик и др.
Во воннаставните активнист учениците
учествуваат во разни манифестации, како на пример:
-Зелникот на баба
-Компиријада
и др. Исто така, учениците учествуваат во
подготовка и реализација на Денот на
училиштето
во кој учениците учествуваат во различни спортски активности.
НОВОСТИ

Во учебната 2025/2026 година
во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово
се запишаа 22 ученици и тоа во две
паралелки: а)гимназиска и б)Угостителско
туристичка, хотелско ресторански
техничар.
Во гимназиската паралелка се
запишаа 7 ученици, а во хотелско
ресторанската паралелка 15 ученици.
Учениците се запишуваа во два
уписни рока, јунски и августовски рок.
Три ученици се запишаа во хотелско
ресторанската паралелка, во текот
на првото полугодие.